Миј раце, држи растојание, носи маска
За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме овие 3 правила:
- Често миење и дезинфицирање раце
- Одржување најмалку 2 метра растојание
- Носење заштитна опрема (маска, марама, шал)
#ЗаштитиСе
Активности од Е-Занимална
Драги наши другарчиња, сега кога сме сите дома имаме многу време да играме и учиме. Вашите учителки не ве заборавија во ниту еден миг ❤ и затоа за вас подготвија многу убави приказни, игри, песнички и активности со кои денот ќе ви биде мноооогу поубав.
ЈДГ 8Март
Дојдовте во КУЌАТА НА ВИНОЖИТОТО
Toa е градинката "8 Mарт" во Скопје. На оваа куќа има голем прозорец облеан со сонце, и тоа е ПРОЗОРЕЦОТ НА МОЕТО ДЕТСТВО. Детството е најубавиот период од животот, и токму за него се грижиме во нашата градинка "8 Mарт", во која најубаво се расте.