41 година успех!!!
41 година успех!!!
41 година полни со успешни генерации со среќни деца, со детски џагор и сплотен тим. Отворена со еден и порасната во седум објекти.
Стабилно поставени темели на стручен и докажан персонал, од кои младите генерации продолжуваат по нив.
,,8 Март", име кое многу значи за првата алка во образовниот систем.
Докажани сме и ќе продолжиме да се истакнуваме со најдоброто!
Среќен роденден наша градинке!!!
Среќен роденден ,,8 Март"!
Апликација - упис на дете
Почитувани родители,
Со оглед на настанатата ситуација со КОВИД19, аплицирањето за запишување деца во педагошката 2020/2021год. ќе се врши исклучиво, по електронски пат.
Апликацијата може да ја симнете од WEB страната на градинката http://www.jdg-8mart-skopje.org.mk/ и пополнета, скенирана да ја испратите на следниов маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ЈДГ „8 Март“ на општина Кисела Вода во Град Скопје
Миј раце, држи растојание, носи маска
За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме овие 3 правила:
- Често миење и дезинфицирање раце
- Одржување најмалку 2 метра растојание
- Носење заштитна опрема (маска, марама, шал)
#ЗаштитиСе
Активности од Е-Занимална
Драги наши другарчиња, сега кога сме сите дома имаме многу време да играме и учиме. Вашите учителки не ве заборавија во ниту еден миг ❤ и затоа за вас подготвија многу убави приказни, игри, песнички и активности со кои денот ќе ви биде мноооогу поубав.
ЈДГ 8Март
Дојдовте во КУЌАТА НА ВИНОЖИТОТО
Toa е градинката "8 Mарт" во Скопје. На оваа куќа има голем прозорец облеан со сонце, и тоа е ПРОЗОРЕЦОТ НА МОЕТО ДЕТСТВО. Детството е најубавиот период од животот, и токму за него се грижиме во нашата градинка "8 Mарт", во која најубаво се расте.