Во паркот Македонија градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски им додели награди на најуспешните воспитувачи и негователи од ЈДГ"8 Март".
Општината со низа проекти го трасира патот на талентираните и дава свој придонес во одбележувањето на исклучителната улога на учителот во подигање на младите личности и обезбедување подобра иднина за нашата земја.