Нашата градинка е дел од проектот "Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење"кој го реализира компанијата Суниленс и Здружението за едукација ,комуникација и консалтинг ОХО.
Преку игра децата од средните и големите група учата за отпадното масло,дека не треба повторно да се користи и да се истура насекаде туку да се собира во посебни кантички кои подоцна се рециклираат во обновлива енергија.
Со мали промени во секојдневните навики можеме да направиме многу за животната средина.
При реализација на содржините користевме едукативни боенки,експерименти и сл.
Овој проект беше прифатен со голем интерес како од страна на децата така и од страна на родителите.Погледнете дел од активностите што ги реализиравме.
#собирамеотпадномасло#
#заеднојазаштитувамеприродата#
#зеленаенергија#