По повод Недела на солидарноста, децата од објектот Пржино на градинката ЈДГ „8 Март” во Скопје, во Општина Кисела Вода, на новогодишната работилница изработија новогодишни подароци. Со љубов и желба за брзо оздравување, им ги подарија на дечињата и лицата што се на лекување од Ковид-19, како и на медицинскиот персонал од ЈЗУ Институтот за белодробни заболувања „Козле“.
Традицијата за хуманитарни активности во „8 Март” продолжува и оваа година по иницијатива на директорката и вработените во објект Пржино. Празничната еуфорија, без разлика на тоа што сме во состојба на пандемија, ја споивме со корисни активности за децата, но и со солидарност. Со убави развојни активности децата се забавуваа и учеа во исто време – вели м-р Павлинка Топузоска, директорка на „8 Март“.