На наше големо задоволство градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заменичката на Претседателот на Влада, Мила Царовска,допонителната заменик министерка Санела Шкриељ, заменик министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ направија увид во градежните работи за изградба на новата градинка во населба Драчево.
Семејството на ЈДГ "8 Март" ќе се зголеми уште со еден нов објект. Новата градинка ќе се простира на површина од 600 квадратни метри. Капацитетот на градинката за згижување е за вкупно 125 деца. Целокупниот проект е финансиран преку кредит од Светска Банка за спроведување на Проектот за подобрување на социјалните услуги. Среќни сме и горди на убавите дела.