Општина Кисела Вода успешно ги реализира заложбите на градоначалникот Филип Темелковски, за подобрување на условите за децата во градинките.
Оваа година подобри услови за престој во градинките добија децата кои ги посетуваат објектите на Јавната детска градинка „8 Март“.
За дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во градинката „Расадник“ набавени се 300 нови душеци за рекс креветчињата, нова постелнина, нови градеробери, плакари за складирање на детските креветчиња, теписони за игра, повеќе пластични анатомски столчиња, нови 124 детски дрвени столчиња и 23 масички.
Покрај ова, во објектот „Расадник“ целосно обновени се 7 бањи/тоалети.
Додека за децата во градинката во населбата Пржино набавени се 200 душеци за детските рекс креветчиња, нова постелнина, детски столчиња и масички, теписони за игра, гардеробери за сите простории, потемнувачки зебра завеси, клупи за соблекување/облекување чевли и анатомски пластични столчиња.
Објектите на „8 Март“, „Пепрутка 1 и 2“ опремени се со нови душеци за бебешки креветчиња, анатомски пластични столчиња и повеќе теписони за игра и забава на децата. Нови теписони набавени се за објектите „Стапалче“, „Ѕуница“ и „Зелениково“.
Општина Кисела Вода ќе продолжи со активности за обнова на градинките.