Новогодишната магија блесна и во нашата градинка на Новогодишната работилница родителите заедно со нивните најмили изработуваа новогодишни украси, колачиња, венчиња за на врата и слично.
Новогодишните изработки ги продававме на Новогодишниот базар при што собраните парични средства беа наменети за лекување во странство на Симона Хаџи Тошев од Штип. Сите и посакуваме побрзо да оздраве и ја очекуваме во нашата градинка.