Велат: "Влези во туѓите чевли и ќе го разбереш подобро сопственикот на чевлите".
На 17.12.2019 г. во нашата градинка се рализираше проектот "Еден ден мојот родител/старател во улога на воспитувач/неговател во градинка" во организација на општина Кисела Вода. Родителите многу добро се снајдоа во оваа улога, но искрено потврдија дека не е така лесна улогата на воспитувач/неговател.
И да заклучиме... продуктивен проект, одличен иновативен обид на радост на родителите, децата и градинката. Целта ја постигнавме заедно.