Светски ден на детето
Во ЈДГ „8 Март“, во објектот „Расадник“ по повод одбележувањето на Светскиот ден на децата, 20 - ти Ноември, се одржа едукативен час за заштита на животната средина.
На едукативното предавање кое го одржа Марио Трајковски, менаџер на Кариерниот центар при Факултетот за земјоделски науки и храна, дечињата имаа можност да слушнат совети како да ја заштитат животната средина и како да придонесат за почиста и позелена околина.
Со мотото „Да го обоиме светот во сино“, децата испратија порака до целиот свет за Чиста и здрава околина, а во сликањето и идеите за цртежите им помагаа претставниците од Факултетот за земјоделски науки и храна, Анастасија Пауноска, Марио Трајковски и Симона Гавриловска. На настанот учествуваше и Александар Талевски претставник од НХС Здружение за животна средина и екологија. Присутни беа и Габриела Стојановска, директор на ЈДГ „8 Март“ и Ана Ѓуроска претставник од Општина Кисела Вода.