Апликација - упис на дете
Почитувани родители,
Апликацијата може да ја симнете од WEB страната на градинката http://www.jdg-8mart-skopje.org.mk/ и пополнета да ја донесете во објектите кои се под управа на ЈДГ „8 Март" на општина Кисела Вода во Град Скопје.
ЈДГ „8 Март" на општина Кисела Вода во Град Скопје
Миј раце, држи растојание, носи маска
За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме овие 3 правила:
- Често миење и дезинфицирање раце
- Одржување најмалку 2 метра растојание
- Носење заштитна опрема (маска, марама, шал)
#ЗаштитиСе
Активности од Е-Занимална
Драги наши другарчиња, сега кога сме сите дома имаме многу време да играме и учиме. Вашите учителки не ве заборавија во ниту еден миг ❤ и затоа за вас подготвија многу убави приказни, игри, песнички и активности со кои денот ќе ви биде мноооогу поубав.
ЈДГ 8Март
Дојдовте во КУЌАТА НА ВИНОЖИТОТО
Toa е градинката "8 Mарт" во Скопје. На оваа куќа има голем прозорец облеан со сонце, и тоа е ПРОЗОРЕЦОТ НА МОЕТО ДЕТСТВО. Детството е најубавиот период од животот, и токму за него се грижиме во нашата градинка "8 Mарт", во која најубаво се расте.