Апликација - упис на дете

Почитувани родители,

Со оглед на настанатата ситуација со КОВИД19, аплицирањето за запишување деца во педагошката 2020/2021год. ќе се врши исклучиво, по електронски пат.

Апликацијата може да ја симнете од WEB страната на градинката http://www.jdg-8mart-skopje.org.mk/ и пополнета, скенирана да ја испратите на следниов маил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ЈДГ „8 Март“ на општина Кисела Вода во Град Скопје

 

Преземи апликација

Миј раце, држи растојание, носи маска

mij-race-drzi-rastojanie-pravila

За да помогнеме во следниот период сите ќе мора задолжително да ги почитуваме овие 3 правила:

  1. Често миење и дезинфицирање раце
  2. Одржување најмалку 2 метра растојание
  3. Носење заштитна опрема (маска, марама, шал)

#ЗаштитиСе

Активности од Е-Занимална

Драги наши другарчиња, сега кога сме сите дома имаме многу време да играме и учиме. Вашите учителки не ве заборавија во ниту еден миг ❤ и затоа за вас подготвија многу убави приказни, игри, песнички и активности со кои денот ќе ви биде мноооогу поубав.

А Вас почитувани родители Ве покануваме редовно со Вашите деца, да ја следите предучилишата платформа на YouTube каналот насловена како "Е-Занимална" (со кирилица). На оваа платформа нашата градинка учествува со многу видео активности подготвени од вредните воспитувачи.
Секојдневно на нашата веб страна и фб. страна ќе ги споделуваме видеата од воспитувачите на ЈДГ "8 Март" ... Да седиме дома... и вака може да другаруваме.
Наскоро ќе бидеме повторно заедно ❤


jazik-govor


matematika


nauka


umetnost


ЈДГ 8Март

Дојдовте во КУЌАТА НА ВИНОЖИТОТО

Toa е градинката "8 Mарт" во Скопје. На оваа куќа има голем прозорец облеан со сонце, и тоа е ПРОЗОРЕЦОТ НА МОЕТО ДЕТСТВО. Детството е најубавиот период од животот, и токму за него се грижиме во нашата градинка "8 Mарт", во која најубаво се расте.

ДОСИЕ НА ДЕТЕТО

 PDF Формат

pdf

 

Инструкции за родителот за печатење на документот

 PDF Формат

pdf

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОГЛАС

 Ранг листа - работни места
Оглас објавен на 13.01.2020

pdf


rasadnik

 

stapalce-mala

 

 

dzunica-mala

 

 

zelenika-mala