Светските денови на акција 2016 на еко училишта и градинки

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не ѝ наштетува на животната средина.

 Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по петти пат, ги организира Светските денови на акција  на меѓународно ниво за сите училишта и градинки  кои ја спроведуваат оваа програма. 

ЈДГ „8 Март“при општина Кисела Вода во град Скопје, како еко-градинка, на највисоко ниво, со освоено зелено знаме и интернационален сертификат за еко-координатор, има можност да учествува во вакви светски збиднувања. 

На 19.04.2016., повеќе од 150 деца, околу 100 родители, 25 вработени,  претставници од бизнис заедницата, засадија околу 100 различни видови на сезонско цвеќе и активно се вклучија во Светските денови на акција 2016, заедно со децата од дури 57 земји ширум светот.

Позз, Мирјана Китановска, еко-координатор, при ЈДГ „8 Март“- Скопје.

WDA 2016

За да ја погледнете галеријата кликнете овде.

ДОСИЕ НА ДЕТЕТО

 PDF Формат

pdf

 

Инструкции за родителот за печатење на документот

 PDF Формат

pdf

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОГЛАС

 PDF Формат

pdf

rasadnik