„Засади дрво за мир“2014

ЈДГ „8 Март“-Скопје, по повод Светскиот ден на мир на Обединетите нации, зема учество во светската кампања во која ќе се вклучат повеќе од 5000 училишта и градинки од 120 земји од целиот свет.

Настанот ги поврзува децата од целиот свет, насочувајќи ги кон прашања од областа на животната средина. Што е уште поважно, настанот го промовира образованието за мир и ја зголемува свесноста на децата и учениците за важноста на дрвата и шумите во светски рамки. Садењето на дрва ја симболизира надежта и трајноста на животот.

Оваа година садевме зимзелени и овошни садници, со што дворот на градинката го збогатиме со повеќе од 80 садници.

Како и секогаш во оваа акција ни помогнаа и донираа садници Општина Кисела Вода, родителите, ТИТАН Цементарница-Усје-Скопје.

За да ги погледнете фотографиите од овој настан кликнете овде.

Песна за печурката

Печурките се многу интересни растенија. За нив сами направивме приказна која ја нарековме “Под чадорот на печурката

Есенска Работилница

Ние децата ги сакаме сите годишни времиња.Но, најмногу ја сакаме богатата, златна ЕСЕН.

Детска Недела

За да дознаете како се прославуваше Детската Недела во нашите објекти кликнете тука

ДОСИЕ НА ДЕТЕТО

 PDF Формат

pdf

 

Инструкции за родителот за печатење на документот

 PDF Формат

pdf

rasadnik

 

stapalce-mala

 

 

dzunica-mala

 

 

zelenika-mala