Активност - Зелен лист, воздух чист

“Безбедна животна средина во локалната заедница-Take green action“ е иновативната платформа која денес беше промовирана во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “ Димитар Влахов“ во Кисела Вода.

Воедно се отпочна со спроведување на кампањата “ЗЕЛЕН ЛИСТ, ВОЗДУХ ЧИСТ-Ајде да садиме-здрава, зелена и органска иднина да градиме!”

Настанот, организиран од страна на Општина Кисела Вода и ДУРДМОВ “Димитар Влахов“ – Скопје, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, отпочна со музички точки од учениците од ДУРМДОВ “Димитар Влахов“ и од дечиња од детската градинка „8 Март“ во општина Кисела Вода, по што свое обраќање имаа градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање м-р Јани Макрадули, директорот на ДУРДМОВ “ Димитар Влахов“ Горанчо Јакимовски и дипл.инг. арх. Соња Кушовска Трајковска од Кариерниот центар, Е.К.О. Волонтерски клуб, и Опитно Поле – ФЗНХ Скопје.

IMG-637164e3ce6a2015103a7002312808a6-V

dimitar vlahov

rasadnik

 

 

 

 

dzunica-mala

 

peperutka3-small

 

zelenika-mala

 

stapalce-mala